“ЛУЃЕТО ТРЕБА САМО ДА УМИРААТ…“ – Риши Сунак под голема истрага: Премиерот на Велика Британија не направил “ништо“ во време на панемијата !?

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, наводно, рекол дека Владата треба да „дозволи“ луѓето да „умрат“ во пандемијата со вирусот Ковид-19, наместо да одлучува за второ национално заклучување (карантин), откри во понеделникот истрагата за одговорот на Владата на Велика Британија на смртоносниот вирус.

Патрик Валанс, главен владин научен советник за пандемијата со Ковид-19, напишал белешка во својот дневник на 25. октомври 2020 година за состанокот на тогашниот премиер Борис Џонсон и Риши Сунак – тогашен министер за финансии во Владата.

Во дневникот претставен на истрагата, е забележано како Доминик Камингс, главниот советник на Борис Џонсон за време на пандемијата, му го пренел на Патрик Валанс она што тој наводно го слушнал на состанокот.

Риши Сунак мисли дека само треба да дозволи луѓето да умрат и тоа е во ред. Сето ова изгледа како целосен недостаток на лидерство“, ги цитирал Патрик Валанс зборовите на Доминик Камингс во својот дневник.

Портпаролот на Риши Сунак вели дека британскиот премиер ќе ги претстави своите ставови кога ќе ги презентира доказите на истрагата „наместо да одговара на секој (дел) поединечно“.

Во Велика Британија е во тек истрага за одговорот на Владата на пандемијата со вирусот Ковид-19, во која загинаа повеќе од 220.000 луѓе. Истрагата ќе трае до летото 2026 година.