ЛУЃЕТО ТРИ ЧАСА ВИСЕЛЕ НАОПАКУ: Ролеркостер се заглавил на ВИСИНА ОД 30 МЕТРИ (ФОТО/ВИДЕО)

Во неделата, еден од ролеркостерите во забавен парк во Висконсин се заглавил и останал да виси во воздух. Осум патници останале заглавени и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба Крандон.

„Имаше механички дефект за време на возењето и ролеркостерот се заглави“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како спасувачот се качува по ролеркостерот додека патниците чекаат. Поради висината, на помош била повикана специјална опрема и спасувачки екипи, се наведува во соопштението.

Десет противпожарни возила, девет возила на брза помош и 50 лица од три области учествувале во спасувањето на патниците, соопштија пожарникарите.