Магазинот Тајм објави листа на 100 највлијателни личности: меѓу нив Трамп, Маск и Серена Вилијамс

Магазинот „Тајм“ состави листа на 100 највлијателни луѓе во 2025 година, а во неа се вклучени личности од различни сфери на активност.

Овој познат магазин ги групира познатите личности во шест категории – уметници, икони, лидери, титани, пионери и иноватори, а меѓу нив има и луѓе кои се сметаат за контроверзни.

На листата, меѓу другите, се и музичарот Ед Ширан, актерката Деми Мур, тенисерката Серена Вилијамс, Скарлет Јохансон, гимнастичарката Симон Билс, актерката Блејк Лајвли, како и новинарот Дејвид Муир, американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и директорот на Space, X и Tesla, Илон Маск.

Интересно е што Серена Вилијамс се најде во категоријата „титан“, но многумина сметаат дека тоа е заслужено, бидејќи таа е рангирана како најдобра тенисерка во историјата, а воедно е и најплатена спортистка на сите времиња.

Покрај тоа, во февруари оваа година, таа го привлече вниманието на полувремето на Суперболот кога се појави за време на настапот на раперот Кендрик Ламар.

Покрај неа, на оваа листа во истата категорија се најдоа и личности како: актерката Блејк Лајвли, американскиот бизнисмен Ед Бастијан, основачот на Фејсбук Марк Цукерберг, гимнастичарката Симон Билс, директорот на Нетфликс Тед Сарандос и други.

На листата во категоријата „икона“ е и актерката Деми Мур, која оваа година првпат беше во трка за Оскар за најдобра женска улога, но и покрај предвидувањата не го освои. Сепак, пред Оскарите за истата улога доби и Златен глобус.

Во истата категорија со Деми Мур беа и: актерот и двократен оскаровец Адриен Броди, јапонскиот актер Хиројуки Санада, американската писателка Ракел Вилис, францускиот пливач Леон Маршанд и други.

Сепак, особено внимание привлече категоријата „лидери“, каде меѓу другите за највлијателни се сметаат Доналд Трамп, Илон Маск и Џеј Ди Венс.

Целата листа на познати личности, по избор на магазинот Time, можете да ја погледнете овде .