Магична течност во мало шише што прави чуда! Помага при многу проблеми, а е чист дар на природата

За медот, неговото антибактериско дејство и неговата употреба во козметиката се зборува повеќе од прополисот, иако и двата се пчелни производи и се подеднакво корисни за здравјето и негата.

Прополисот е природна смолеста смеса која пчелите ја прават и ја користат во изградбата и поправката на кошницата. Античките народи – Египќаните и Римјаните – го користеле како антисептик, а се користи и денес.

Бидејќи е производ добиен од растенија и инсекти, единствениот недостаток е тоа што може да предизвика алергиска реакција кај некои луѓе. Еве за што е ефикасен.

Помош во лекување на болести на устата

Поради своите антибактериски својства, може да помогне во спречување на кариес, гингивитис и болести на непцата. Некои бактерии како стрептококите се наоѓаат на површината на забите , формирајќи плаки, а полифенолите во прополисот не дозволуваат нивна пенетрација. Можете да користите прополис за плакнење на устата – доволно е да го разредите со вода. Добро е за борба против вируси и бактерии, се бори против вирусни заболувања – на пример, херпес тип 1.

Доколку чувствувате дека имунитетот ви слабее, додадете прополис во чајот.

За лекување на рани, изгореници и акни

Прополисот се користи и како помошно средство за лекување на акни. Во природната козметика, често се комбинира со масло од чајно дрво или алое вера за да се забрза процесот на заздравување на рани и лузни од изгореници. Многу креми за нега содржат прополис токму поради оваа причина, а прополисот можете да го користите и како маска.

 

За раст на косата

Прополисот го стимулира растот на косата бидејќи влијае на циркулацијата на крвта во самиот корен на косата. За овие третмани се користат капки прополис кои се масираат во скалпот.

Како да се користи

Прополисот е достапен во оригинална форма како бар во мед, па може да се јаде или раствори во топол чај или вода.
Се продава и како алкохолен раствор, како капки, во форма на спреј, крем или во таблети.

Како се чува?

За да ги зачувате корисните состојки, чувајте го прополисот во херметички затворени садови, на темно место на температура од 10 до 12 степени.

Состав

Суровиот прополис се состои од околу 50 отсто смола, 30 отсто восок, 10 отсто есенцијални масла, 5 отсто полен и 5 отсто различни органски соединенија.