Мадона во врска со 37 години помлад фудбалер – заедно ќе го прослават нејзиниот 66-ти роденден

Мадона летово го поминува во Портофино, а друштво и прави 28-годишниот Аким Морис, фудбалер од Јамајка, со кој во 2022 година позираше за насловната страница на магазинот „Пејпер“.

Со оглед на тоа дека пејачката за два дена ќе наполни 66 години, се претпоставува дека станува збор за роденденско патување, а се уште не се знае точно колку време се заедно.

Таа сподели објава со него пред нешто повеќе од еден месец, но се уште официјално не ја потврди нивната врска.

Сепак, се чини дека тоа веќе не е тајна, а во Италија позираа фатени за раце. Пејачката се одлучи за црна комбинација, со која одговараше на препознатлив накит и летни влечки, додека Аким беше малку полежерен.

Како што понатаму пренесува Дејли Мејл, тие заедно со пријателите ручале во луксузен ресторан, а туристите постојано ја барале големата ѕвезда.

Пред нешто повеќе од една година здравјето на Мадона беше сериозно загрозено, кога таа се бореше за живот поради инфекција, а нејзината ќерка ја пронајде во несвест.

„Минатата година на денешен ден се вратив дома од болница откако преживеав болест опасна по живот. Едвај стоев во мојот двор и држев една прскалка. Чудесно закрепнав и имав неверојатна година“, напиша Мадона.