Мадона ги сподели првите фотографии по излегувањето од болница

ПЕЈАЧКАТА Мадона (64) на крајот на минатиот месец заврши во болница поради тешка инфекција. Минатата недела, за прв пат од тогаш, таа им се обрати на своите фанови со емотивна порака , а сега ги сподели и првите фотографии по излегувањето од болница.

Мадона сега позираше за прв пат по несреќата објавувајќи фотографија на Инстаграм. На фотографијата ја гледаме како гушка со виолетово плишано мече

Да потсетиме, на крајот на јуни кралицата на попот беше хоспитализирана, а потоа се слушаа приказни дека нејзината состојба не е резултат на напорни тренинзи и подготовки за настапи, како што информираа од тимот на Мадона. „Радар онлајн“ истакна дека Мадона оживеала со инекција налоксон, која се дава кога ќе дојде до предозирање.

Таа е на домашна нега, а состојбата на Мадона ја соопшти нејзината долгогодишна и блиска пријателка Рози О’Донел. „Добро и оди и се опоравува дома. Многу е силна“, напиша Рози одговарајќи на фановите.