Мадона беше пронајдена во несвест и итно однесена во болница во Њујорк во саботата, ексклузивно открива американскиот Page Six.
Тие известуваат дека пејачката (64) била интубирана најмалку една ноќ пред да и’ биде извадена цевката и сега е будна и закрепнува. Се зборуваше и дека нејзината ќерка Лурд Леон била со неа цело време.
Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, во средата сподели објава на Инстаграм дека неговиот клиент „развил сериозна бактериска инфекција што доведе до повеќедневен престој на интензивна нега“.
Изворот вели и дека поп кралицата сег не е на интензивна нега а Озири во својот пост објасни: „Таа сè уште е под медицинска нега. Се очекува целосно да закрепне“.
На почетокот на оваа година, Мадона објави дека ќе започне турнеја „Celebration“ во чест на 40-годишнината од нејзината музичка кариера, но поради нејзината здравствена состојба, новите датуми за концерти ќе бидат објавени подоцна, изјави нејзиниот менаџер.