Мадона открива како се опоравила од сепса: Едната минута танцував, следната бев на интензивна нега

Мадона сподели детали за нејзината хоспитализација во 2023 година и здравствените проблеми во ново интервју.Во разговор со Џеј Шети во подкастот „On Purpose with Jay Shetty“, Мадона откри дека страдала од сепса и била во несвест четири дена кога била хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција.

Имено, таа беше хоспитализирана во јуни 2023 година, додека во декември пред публиката во Бруклин изјави дека била во индуцирана кома 48 часа.

Сеќавајќи се на овој период од својот живот, таа во интервју за Џеј Шети изјави: „Нема начин да избегаме од страдањето. Дури и да пораснеме богати и привилегирани, нашите предизвици и страдање ќе дојдат кај нас на поинаков начин. Се подготвував за турнеја и подоцна добив бактериска инфекција. Едната минута бев жива и танцував наоколу, а следната минута бев на интензивна нега и се разбудив по четири дена“, рече таа.

Мадона дополнително нагласи дека нејзиниот процес на закрепнување бил долг.

„Отсекогаш се гледав себеси како супержена, но во тоа време немав сила, немав енергија и не можев да станам од кревет. Не знаев кога или како ќе заврши сè“, рекла таа.

Таа истакна како пораката за радикално прифаќање на учителот по кабала влијаела врз нејзиниот процес на лекување. Кабалата е древна еврејска традиција на мистично толкување на Библијата.

„Постојано разговарав со мојот учител, а тој ми рече: „Колку побрзо го прифатиш она што ти се случува, толку побрзо ќе заврши“. Тоа ми имаше многу смисла, иако слушнав дека некои луѓе никогаш целосно не се опоравуваат од тоа. Сепак, жалењето и едноставното прифаќање не е решение за мене, бидејќи тогаш само ќе пливаш во страдање“, рече таа.