Мадона сè уште е на тронот: Новите податоци од Гинисовата книга на рекорди откриваат неверојатен детаљ! (фото)

Поп-пејачката Мадона (65) сè уште е најпродаваниот уметник на сите времиња, според Гинисовата книга на рекорди.

Мадона продаде повеќе од 400 милиони плочи за време на нејзината четириесетгодишна кариера, пренесува магазинот People.

Според извештаите, пејачката го држи рекордот од 2009 година, а потоа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе.

Не можам да се жалам затоа што сум живa

На почетокот на овој месец, Мадона ја започна својата турнеја „Celebration“ во лондонската О2 Арена. На оваа турнија, Мадона ќе има 78 концерти, од Европа до Северна Америка. Турнејата ќе трае до април 2024 година.

За време на нејзиниот последен концерт во Антверпен, Белгија, Мадона говореше за престојот во болница во јули оваа година, за кој рече дека мислела дека нема го да преживее.

– И сега не се чувствувам најдобро, но не можам да се пожалам бидејќи сум жива – изјавила пејачката.