Пред да дојдете до заклучок дека повеќето жени ја гледаат само материјалната страна и финансиската состојба на мажот пред да одлучат да одат во кревет со него, прочитајте што вели една неодамнешна студија.
Според ова истражување, припадниците на посилниот пол кои имаат малку празен паричник се многу подобри во интимните односи од оние кои можат да се пофалат со богата банкарска сметка.
Објаснувањето дадено од авторите на оваа студија не е нелогично, иако не би отишле дотаму да го прогласиме за правило.
Па еве што велат тие… Очигледно, мажите кои немаат премногу пари немаат многу „средства“ со кои можат да ги привлечат жените – ако земеме во предвид дека живееме во доба во која материјалните работи се високо ценети. Значи, сиромашните избираат други начини за интригирање и задржување на вниманието на спротивниот пол – или се исклучително духовити или одлични во кревет.
Истражувањето на непрофитниот истражувачки центар од Вашингтон – Pew Research Center покажува дека мажите со пониски и средни примања се подобри во кревет, но тоа не е се. Исто така, се покажа дека тие се емотивно позрели и верни од оние чии паричници се издувале од количината на готовина и картички.
Резултатите од истражувањето потврдуваат дека колку помалку пари има во врската, толку повеќе има хармонија, верност и среќа. Со оваа теорија се согласува и професорот Адам Галински од северозападниот Универзитет во Чикаго, кој вели дека посиромашните мажи се помалку дволични и помалку лажат од богатите. Оние со просечни примања генерално се многу пољубезни кон странците, тие се многу посклони да стекнуваат нови познанства и повеќе се смешкаат кога контактираат со странци.
Очекувано, оние на кои им е подобро се далеку погруби, поарогантни затоа што мислат дека не мораат да се „потсмеваат“ на странци, пишува списанието Psychological Science. Оние со „празни џебови“ ја бараат својата можност и им приоѓаат на другите луѓе со отворено срце. Исто така, во Journal of Applied Psychology беше објавено дека успешните мажи се повеќе склони да ги омаловажуваат своите партнерки, сметајќи ги за послаби од себе во секој поглед, додека помалку успешните мажи повеќе ги поддржуваат, и на професионален и на приватен план.