Мажите во овие години од животот најмногу уживаат во интимните односи: Тие обожаваат да го прават ова во кревет, а од оваа анкета многумина се изненадени

Според едно неодамнешно истражување, мажите над 40 години сакаат особено две работи – можеби ќе се изненадите кога ќе видите кои.

Од друга страна, помладите мажи се желни за експериментирање – што е логично од една страна.

Мажите сакаат брз и „валкан“ секс без ограничувања ? Да, можно е. Според истражувањето на веб-страницата LeAffair, желбите на мажите над 40 години и оние помладите се значително различни. Што сакаат средовечните мажи ?

Нежни, не валкани и груби интимни односи ? Верувале или не: мажите над 40 години најмногу сакаат романса во кревет! Имено, бакнувањето и нежниот, лесен, гушкачки секс се на прво и на второ место на нивните желби – пред оралниот секс.

Следно на листата е „нормален секс“, потоа секс со жени во секси долна облека и високи потпетици, БДСМ игри и тројки. Фотографирање или снимање за време на секс воопшто не им паѓа на памет.

А каква е ситуацијата со помладите момци ? Мажите во дваесеттите и делумно во 30-тите години, барем според оваа анкета, се поподготвени за експериментирање. Секси фотографии и видео ? Тоа е одлично за нив! А сексот со повеќе од една личност е во првите пет желби во кревет.

Истражувањата покажуваат дека мажите се сексуално најактивни и најмоќни на возраст од 20 до 30 години – сепак, тогаш тие се повеќе фокусирани на квантитетот, а не на квалитетот во креветот. Во средината на четириесеттите години од животот најмногу се менува квалитетот на сексот. Имено, потврдено е дека на 45 години мажите (но и жените) имаат помалку секс, но сексот потоа станува значително подобар.