ФОТО | ЏОРЏ СОРОС ВО РЕТКО ВИДЕНО ИЗДАНИЕ – Милијардерот на плажа опкружен со “Армија“ од асистенти: Во тесни гаќи за капење, четворица му помагаат да излезе од водата

Откако му ја предаде својата империја на својот син, милијардерот и филантроп Џорџ Сорос e фотографиран како се капе во водите на Барбадос со помош на четири машки придружници.

Џорџ Сорос (93 г.) е виден како плива со придружба покрај плажата во Бриџтаун, главниот град на островската држава. Како што пишува Daily Mail, Џорџ Сорос по капењето се опуштил со пијалок на плажа заштитувајќи се од сонцето.

Претходно, финансиерот му ја предаде контролата на својата империја од 25 милијарди долари на синот Александар Сорос, кој вети дека ќе ги искористи семејните пари за да се залага за левичарски каузи. Александар Сорос (37 г.) за The Wall Street Journal изјавил дека ќе ги прошири целите на својот татко, но и дека ќе ги прифати другите, како што се правата за гласање и абортус, како и родовата еднаквост.

Претходно се сметаше дека Александар Сорос е во втор план кога станува збор за наследување на семејното богатство. Многумина блиски до Џорџ Сорос веруваа дека неговиот постар полубрат Џонатан Сорос (52 г.) ќе ја превземе империјата, но тоа сепак не се случи.