ВИДЕО | Дете фрлило петарда во станот на својот сосед, а за неколку секунди настанал вистински хаос: Пукнале прозорците и ѕидовите, а избувнал и пожар

Полицијата во Сплит во соработка со инспекторот за противпожарна заштита извршила увид во станот на улицата „Бошковиќева“, каде вчера избувнал пожарот. За среќа немало повредени, а пожарот го изгаснале 13 пожарникари. Очевидец потврди дека пожарот настанал од петарда фрлена од дете.

Утврдено е дека пожарот настанал од пиротехничко средство кое паднало на пластична балконска ролетна. Во пожарот изгореле предметите на балконот, оштетени се и стаклото на вратите и прозорците на балконот и ѕидовите во собите. Исто така, било констатирано дека пиротехничко средство било фрлено од дете од балкон од друг стан.

Полициските службеници ќе ги спроведат сите потребни дејствија од надлежност на полицијата и ќе поднесат пријава до надлежните ОЈО Сплит и Управата за цивилна заштита за да донесат одлуки од нивна надлежност“, соопштуваат од полицијата, а пренесуваат хрватските медиуми.