ФОТО | ДЕВОЈЧЕ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО РАСПЛАКА СВЕТОТ – Погледнете што му напишала таа во писмото за Дедо Мраз

Добротворната организација „The Big Help Project“ од Кенсингтон објави на социјалните мрежи писмо на 10-годишната Лили испратено до Дедо Мраз, кое многумина ги расплака и растажи.

Драг Дедо Мраз, мама ми кажа дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека ќе оздравиш наскоро. Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат! Те сака Лили (10 години). П.С. Бевме навистина добри“, се вели во писмото.

Ниту едно дете не треба да пишува вакво писмо! Едно од седум деца нема да добијат подарок под елката овој Божиќ, а 24.000 деца во Ливерпул живеат во сиромаштија“, напиша организацијата и ги повика следбениците да се приклучат на проектот за донации.