ЛеБрон Џејмс за натпреварот со Бостон Селтикс на Божиќ: “Не ми е грижа, само ми е важно е ќерка ми кога ќе се разбуди да ги отвори своите подароци“

Една од најголемите НБА ѕвезди на сите времиња, ЛеБрон Џејмс ги кажа своите размислувања за божикниот натпревар против Бостон Селтикс

ЛеБрон Џејмс призна дека во неговата 21. сезона во НБА, божикниот натпревар многу не го интересира. 

Не ми е грижа за дуелот в понеделник. Единственото нешто што ми е грижа е ќерка ми кога ќе се разбуди да ги отвори своите подароци“, изјави ЛеБрон Џејмс

Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат домаќини на Бостон Селтикс утревечер со почеток во 23:00 часот по македонско време.