Според Леа Милхајзер, сексолог од Здравствениот центар во Стенфорд, Калифорнија, САД, мажите губат повеќе калории за време на секс отколку жените. Според неа, тоа е затоа што мажите се „поактивни“ за време на сексот. Имено, посилниот пол согорува во просек 101 калорија, а жените согоруваат приближно 69 калории. И други стручњаци се согласуваат со тоа.
Се разбира, постои разлика меѓу пет минути секс и интензивен секс којшто трае со часови. Сексот е различен за секој човек, и секој пат, изјави Емили Морс за „Њујорк пост“ (New York Post).
Д-р Џејсон Карп се надоврза дека, иако има малку податоци за да се покаже како трошењето калории варира според позата на сексот, тој проценува дека, општо земено – тоа е околу три до четири калории во минута.
Ако, пак, Вашата цел е да ја подобрите издржливоста во креветот, испробајте различни секс пози, додаде сексологот Џејми Бел.
Се забелува и дека, иако сексот согорува калории, тој не мора да биде добра замена за вежбањето.
И покрај зголеменото дишење, забрзаниот пулс и поголемиот крвен притисок коишто се јавуваат при сексот, како „еден вид вежбање“, тоа ги нема придобивките за согорување калории како трчањето, возењето велосипед и кревањето тегови, заклучи Карп.