Мажите родени во овој хороскопски знак се најдобри сопрузи: Тие се трпеливи љубовници, а штом се заљубат не се откажуваат лесно!

Сака да ужива во животот, семејството, сака да има дом… Тој е многу трпелив, внимателен, стабилен и доверлив пријател. Тој не е расипник и не трпи луѓе кои сакаат да го искористат.

Од сите знаци на зодијакот, Бикот ги има најдобрите особини кои го прават совршен сопруг. За него бракот и семејството се на прво место.

Хороскоп, хороскопски знаци, бели хороскопски знаци, Бик

Тој ги држи нозете цврсто на земја, не живее во облаци и не го ветува она што не е 100 отсто сигурен дека ќе може да го исполни. Тој е верен, нежен и добар. Тој е многу сензуален и ќе направи сè за да ужива партнерката – всушност тaa му е прв приоритет. Тој е одличен љубовник, полн со страст и кога води љубов не брза – сака сè да оди полека и емотивно.

Мажот роден во знакот Бик е многу упорен и кога сака нешто – ќе го има, или барем ќе се обиде да го добие.

Кариерата, работата и заработката не му се на прво место, иако сака да биде успешен и да го издржува семејството. Сака да ужива во животот, семејството, сака да има дом… Тој е многу трпелив, внимателен, стабилен и доверлив пријател. Тој не е расипник и не трпи луѓе кои сакаат да го искористат. Откако ќе се ожени, Бикот не се разведува така лесно – ќе даде сè од себе бракот да успее.