Мажи на штикли и танга гаќи ја пленија евровизиската сцена: Претставниците на Шпанија не ги разочараа навивачите a мрежите горат (ВИДЕО)
Во моментов во Малме се одржува втората полуфинална вечер на Евровизија а вечерва покрај натпреварувачите настапија и претставници на „големата петорка“, меѓу кои и Шпанија.
Шпански претставник е групата „Небулоса“ која ја сочинуваат брачна двојка, а песната што ја изведуваат е „ZORRA“. Се чини дека танцувањето е повторно во мода оваа година, како што потврдија и претставници на Шпанија.
Овој настап привлече големо внимание кај публиката, а не и’ недостигаше енергија. Предизвикувачкиот танц на пејачката ги воодушеви сите. За време на овој настап најмногу внимание привлекоа машките танчери во високи потпетици и долна облека – тангa.
Моментот кога се соблекуваат е дочекан со врисоци од публиката.
Корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да го коментираат овој настап:
„Толку се надевав дека Небулоса, влезот на Шпанија на Евровизија, нема да го намали нивниот настап од националното натпреварување во финалето. Не ме изневерија“, „Мајка на Европа“, беа само дел од духовитите коментари.