– Непознатото машко лице кое се самозапали на Плоштадот Св. Марко во Загреб ова утро пред 10:00 часот е префрлено во болница, а полицијата ги блокираше сите пристапи до местото на инцидентот каде во тек е полициска истрага.
Откако се полеало со запалива течност и се самозапалило, непознатото машко лице е префрлено во најблиската Клиника за трауматологија, каде што според пишувањето на хрватските медиуми, лекарите се борат за неговиот живот.
Машкото лице кое горело е угасено со противпожарни апарати, а по инцидентот целиот простор на Марковиот плоштад е забранет за пристап на неовластени лица бидејќи во тек е полициска истрага.
Машкото лице се самозапалило покрај оградата поставена на Плоштадот Св. Марко во Загреб. На истото место пред неколку години млад маж пукаше кон влезот на зградата на хрватската Влада, а потоа изврши самоубиство.