“Мажот ми е гол, јас сум гола, се срамам…“ – познат доктор открива зошто инфарктот добиен за време на интимен однос е пофатален од оние на спортистите
Поради што инфарктот добиен за време на интимни односи е полош и пофатален од оној кој го добиваат спортистите за време на натпревар !?
Истражувањата покажуваат дека еден од осум пациенти преживува срцев удар за време на сексуалниот однос. Се случува и при други физички активности, како например кај професионалните спортови, кога спортистите може да добијат срцев удар на средината на теренот за време на игра.
Меѓутоа, едно француско истражување во кое учествувале 246 луѓе чии срца застанале за време на физичката активност покажува дека на оние кои имале секс за време на инфарктот поминале најлошо. Што е проблемот ? Имено, проблемот лежи во не-навремената реакција.
Тие кажуваат дека клучот е времето потребно да се јавите на итната помош и времето додека да започне лекувањето и укажувањето на помош. Секоја минута доцнење со третманот ја намалува шансата за преживување за десет проценти. Водечкиот истражувач на овој „феномен“, д-р. Ардалан Шерифзадехган од болница во Париз, вели дека во такви ситуации партнерите се шокирани и не знаат како да реагираат.
„Мажот е гол, тие се голи, можеби се плашат да им се јават на соседите. Голем е срамот“, открива докторот.
Тој додава дека повеќето од тие пациенти не добиле прва помош пред пристигнувањето на итната помош, што дополнително значи дека во просек поминале 8,4 секунди без отчукување на срцето и каква било помош.
Професорот Џереми Пирсон, од фондацијата „Heart“ од Велика Британија, вели дека партнерите треба веднаш да дејствуваат доколку се чувствуваат лошо.
„Не се откажувајте од интимноста, но разберете дека може да има ризици ако вие или вашиот партнер имате срцеви заболувања. Веднаш јавете се на итна помош, не одложувајте да му помогнете на вашиот партнер. Сите треба да научат како да дадат прва помош. И тие треба да бидете подготвени тоа да го направат во секое време“, советува на крајот професорот.