МАЖ И ЖЕНА СНИМИЛЕ ЕКСПЛИЦИТНА СНИМКА ВО ОЛТАР НА ЦРКВА – Ова е невидено светољубие – епархијата згрозена

Олтарот на црква во Баварија можеби ќе треба повторно да се посвети откако двојка имала секс во храмот.

Таквото сквернавење мора да се корегира со ритуал во согласност со литургиските книги“, изјавил портпаролот на надлежната минхенска архиепископија, пренесуваат германските медиуми.

Обредот повикува олтарот да биде покриен и повторно благословен со темјан и света вода.

Германските медиуми јавуваат дека судењето на маж (39 г.) од Розенхајм започнало во средата пред судот во Траунштајн – меѓу другото и затоа што имал експлицитна снимка со сопругата од црквата.

Државниот обвинител објави дека минатото лето тој бил обвинет за интимна врска со жена во близина на олтарот на католичка црква. Наводно, тој го снимил експлицитниот чин. Осомничениот е обвинет за попречување на признавањето на верата.

Обвинетиот на почетокот не се изјаснил за виновен.

Државниот обвинител го товари и за семејно насилство. Тој е обвинет и за телесни повреди и лишување од слобода, односно закана на жената. Сепак, според портпаролката на судот, жената одбила да сведочи.

Изрекувањето на пресудата се очекува на 13. декември.