Mаж загина, а една жена е тешко повредена во експлозија што рано утринава се случила во куќа во Земун, Србија.
50-годишната жена со повреди на главата и изгореници е пренесена во Ургентен центар.
Според првите неофицијални информации дошло до експлозија на гас низ канализацијата.
Куќата во која живееле таткото и ќерката целосно се урнала. Три противпожарни бригади се на терен, известуваат српските медиуми. Екипа на Институтот за јавно здравје излезе на терен и ги изврши мерењата. Се уште се чувствуваат гасови во воздухот, но засега нема страв за здравјето на луѓето во околината. Како што неофицијално дознава РТС, не се работи за проблем со гасоводниот систем, туку дошло до непријавена штета при градежни работи во близина на куќата. Компанијата „Србијагас“ превентивно го прекина снабдувањето со гас во тој дел од градот.