Маж со возилото ја проби оградата на луксузниот дом на Џенифер Анистон: Актерката беше во вилата во времето на инцидентот
Маж е уапсен откако со своето возило поминал низ оградата на луксузната вила на Џенифер Анистон во Бел Ер, вредна 21 милион долари.
Актерката била во вилата во времето на инцидентот. Осомничениот маж, за кој се верува дека е во седумдесеттите години, вчера влегол во имотот на актерката со автомобил.
Според извештајот на TMZ, обезбедувањето веднаш реагирало, го извлекло мажот од возилото и го држело под закана со пиштол додека не пристигнала полицијата во Лос Анџелес.
An intruder has been taken into custody by LAPD after crashing through the front gate of Jennifer Aniston’s Bel Air mansion.
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) May 5, 2025
The intruder was taken down by private security. Jennifer Aniston was home at the time. pic.twitter.com/fFKsPGN1No
Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џеф Ли, изјави дека полицајците реагирале околу 00:30 часот по полноќ по пријава за лице „кое провалило низ влезната врата од куќата со автомобил“.
Полицијата потврди дека Анистон немала контакт со осомничената и дека таа не е повредена. Мажот ќе биде обвинет за кривично дело оштетување на имот, иако не влегол во вилата.
Истрагата за ова кривично дело е во тек, а споменатиот маж има мало криминално досие од претходно. Сепак, со досегашните докази, не е утврдено дека тој лично ја таргетирал Анистон.