Маж фатил морски ѕвер со голи раце: „Оди како куче“ 

Колку луѓе има во светот кои би можеле да фатат ајкула со голи раце без страв? Малку, а овој човек спаѓа во малиот број луѓе кои не бегаат од ништо.

Имено, маж од Флорида со голи раце фатил ајкула, а потоа продолжил да ужива на плажа.

Овој човек на Инстаграм профилот „Hood Fishing Entertainment“ објави слика која ги остави речиси сите без зборови.

„Уште еден ден, уште една ајкула“, гласи описот на фотографијата.

Судејќи по бројните коментари, тој ја воодушеви јавноста.

„Ја шета ајкулата како куче“, напишал еден следбеник.