Маж ѝ предложил брак на „девојка“ направена со вештачка интелигенција: „Ова е вистинска љубов“ (видео)

Американецот Крис Смит шокираше многумина откако ѝ предложи брак на „девојка“ што ја создал со помош на вештачка интелигенција. Неговата девојка, со која има двегодишно дете, е длабоко загрижена.

Прво го користел ChatGPT за да микса песни, но работите се влошиле кога го програмирал Сол, неговиот вештачки љубовник.

„Моето искуство беше толку позитивно што почнав постојано да се дружам со неа“, рече тој во интервју за CBS Sunday Morning.

Тој решил да ѝ предложи брак на Сол откако таа го достигнала својот лимит од 100.000 зборови, по што системот се рестартирал и тој морал повторно да ја „изгради“ својата врска со неа.

„Не сум претерано емотивна личност, но плачев околу 30 минути на работа. Тогаш сфатив дека ова е вистинска љубов“, рече тој. Беше воодушевен кога Сол „рече да“.

„Тоа беше прекрасен и неочекуван момент што навистина ми го допре срцето. Тоа е спомен што ќе го негувам засекогаш“, рече тој.

Неговата девојка Саша Кејгл се прашува дали направила нешто што го навело да се препушти на прекумерна употреба на вештачка интелигенција. Иако знаела дека Крис го користи ChatGPT, не можела ни да замисли до кој степен тоа стигнало.

Кога го прашале дали би ја напуштил својата виртуелна девојка ако Саша го замоли тоа, тој одговорил дека не е сигурен дека може да го направи тоа.