Институтот за јавно здравје доби донација со која се овозможува чистење и третман на заразен медицински отпад до последната фаза.
Донацијата е обезбедена од Француската амбасада и е прва од ваков вид во Северна Македонија. Директорот Шабан Мемети, истакна дека донацијата ќе овозможи медицинскиот отпад да се испраќа на рециклирање со нула ризичен потенцијал од медицински инфекции.
„Овој наш иновативен пристап е во рамките на напорите на Институтот да биде институција која дејствува во чекор со климатските ризици. Ова решение одговара на еколошките ризици и помага да се контролираат ризиците од инфекции“, изјави Мемети.
За да ја прифатат доставата на донацијата присуствуваа и министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорот на Франција Сирил Баумгартнер.