ТРАГИЧЕН КРАЈ- Братот на Никола Којo кој загина на хиподром: Го удри коњ

Коњот го фрли јавачот, а Којо истрча да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и тешко го повредил

Во четвртокот трагично почина братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо (59), а погребот ќе биде извршен денеска на Новите гробишта во Белград, пишува српски Блиц.

Според неофицијални информации, трагедијата се случила кога го удрил коњ кај хиподром, пишува Курир.

Според извештаите, коњот го фрлил јавачот, а Којо истрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и тешко го повредил.

Екипите на итната помош пристигнале на местото на несреќата, а Владимир Којо наводно се уште давал знаци на живот, но починал во болница.

Никола Којо со емотивна порака се прости од Владимир.

-Последниот поздрав до мојот драг брат, напиша тој.