Удрил со автомобил во толпа луѓе сред бел ден, првите извештаи се страшни!

Овој напад доаѓа во време на нови тензии.

Најмалку пет лица се повредени или убиени во, како што се верува, напад со палестински автомобил, објавија израелските медиуми, а пренесува Sky Nesw. Наводно, палестинскиот терорист бил неутрализиран веднаш по нападот. Некои информации велат дека пет лица загинале, а најмалку десет се повредени. Според Sky News, најмалку едно лице е убиено во нападот со нож.

Овој напад доаѓа во време на нови тензии. Најмалку три деца се меѓу 10-те убиени по нападот на израелските сили врз бегалскиот камп во палестинскиот град Џенин, објави хуманитарната канцеларија на ОН. Светската здравствена организација соопшти дека итните служби биле спречени да влезат во камповите за да ги лекуваат повредените.

Илјадници луѓе побегнаа од кампот на окупираниот Западен Брег откако Израел во понеделникот започна смртоносна воена операција.