Според истражувањето „Детектор“ спроведено од Институтот за политички истражувања Скопје, 32,3 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека размислуваат или размислувале да се иселат од земјава, додека 63,6 отсто од испитаниците не размислувале за ова прашање.
Според истражувањето, за емиграција најмногу мислат луѓе на возраст од 40-49 години кои изјавиле дека имале и имаат планови за иселување. Приближно исто е за возрасната група 30-39 години или 42,2%, додека кај младите под 30 години 37,8% размислувале да се иселат од земјава.
52,7% од испитаниците се изјасниле дека во следните 5 години нема можност за иселување од Македонија, додека за истиот период 11,5% од испитаниците се изјасниле дека ќе се иселат.
Причините за иселување се повисоките плати 17,2%, подобрите услови за работа 15,7% и подобрите можности што им се нудат на децата 12,2% како и здравствениот и образовниот систем што го нудат странските земји 11,5%.
Најпосакувана дестинација или 42,7% е некоја од земјите на ЕУ, 6,1% САД или Канада, 4,4% Австрија или Нов Зеланд и 4,9% би избрале која било друга земја во светот.