Македонија има највисока инфлација во регионот! Федерација на фармери: Не сме виновни за високите цени, трговците одлучуваат за поскапувањето на производите
Иако Македонија имаше највисока инфлација во регионот во јануари, од 4,9 отсто во однос на јануари лани, Владата се уште нема решение за високите цени на основните прехранбени производи. Не можат да не обвинат нас земјоделците за високите цени, бидејќи откупувачите се тие што ги одредуваат цените, велат од Националната федерација на фармери.
Откако трговците и дистрибутерите се заканија со затворање и отпуштања, Владата не одржа итна седница на која требаше да ги ограничи маржите на 10 отсто за околу 1.000 производи. Сега се чека список на трговци и дистрибутери кои побарале наместо ограничување на маржите, да ги намалат цените од 100 до 200 производи кои граѓаните најмногу ги користат.
„Не знам дали е кај нас земјоделците или кај оние што купуваат земјоделски производи. Бидејќи земјоделците не можат да ги продаваат на пазарите, бидејќи знаеме дека маркетите работат со фактури и на големо, овде имаме синџир, земјоделците-производители кои земјоделските производи ги испраќаат во откупните центри, откупните центри ги продаваат на дистрибутерите, дистрибутерите ги даваат на трговците. И така, ние земјоделците не може да бидеме виновни за високите цени, бидејќи откупувачите се тие што ги одредуваат цените по кои се откупуваат земјоделските производи. За жал, така е“, вели Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери.