Во јули годинава на четиричлено семејство му биле потребни 48.620 денари за комплетирање на минималната синдикална кошничка, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Од нив, за храна и пијалоци биле потребни 20.004 денари или 44,6 отсто, за домување 13.664 денари или 30,46 отсто, за хигиена 3.247 денари или 7,24 отсто, за превоз 3.720 денари или 8,29 отсто, за облека 2.3128 денари. одржување на здравјето.
Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, додека кога ќе се додадат трошоците за живот, 3.768 денари или поточно инфлација од 8,4 отсто достигнува сума од 48.620 денари.
„Иако инфлацијата од месец во месец се намалува и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошничка е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денари. Ваквото зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, додека поголем пораст има кај домувањето, поточно општинските трошоци за 2,4 отсто и за храна и пијалаци за еден отсто“, велат од ССМ.