Македонија на 67 место од 142 земји според индексот на владеење на правото за 2023 година

Шеесет и седмото место од вкупно 142 земји го зазема Македонија според Индексот за владеење на правото во 2023 година на Проектот за Светска правда (ВЈП) Индексот за владеење на правото во 2023 година на Проектот за Светска правда (ВЈП).

Трите земји со најниски резултати во групата со Северна Македонија се Белорусија, Русија и Турција (117 место на глобално ниво). Србија е на 93 место, додека Албанија е на 91 место.

Регионално, Македонија е на 5-то место од 15 земји во Источна Европа и Централна Азија.

Факторот на владеење на правото кој најмногу опаѓа меѓу 2016 и 2023 година се основните права.

Границите на владините овластувања се намалуваат во 56% од земјите, во споредба со 58% во 2022 година и 70% во 2021 година.

На глобално ниво, најдобро рангирана земја во Индексот за владеење на правото за 2023 година е Данска, а потоа следат Норвешка, Финска, Шведска и Германија. Земја со најнизок резултат е Венецуела, а потоа следат Камбоџа, Авганистан, Хаити и Демократска Република Конго.