Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.
Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.
Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.
Генерално, стапката на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска. Малку смртни случаи предизвикани од огнено оружје има и во сите земји во Африка, Азија и Океанија (во кои нема оружени конфликти).
За разлика од нив, повисоки стапки се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од онаа во Турција.
За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.
„Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина, и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје