На 28.08.2024 година во 22.45 часот, на граничниот премин Богородиќ, на излез од државата, полициски службеници го привеле М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со регистарски таблички на Босна, а во кои се пронајдени 15 имигранти од Кина, од кои еден е малолетник.
„Известен е јавниот обвинител од Јавното обвинителство и поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење со мигранти“ од член 418-б став 4, а во врска со ст.2 од Крив. Кодекс, против М.А ќе биде доставен релевантен извештај“.
Имигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Ѓевѓели“, велат од МВР.