Македонската царина заплени детектори за метал, воени шлемови и револвери

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, како и воени шлемови и староантички шлемови, на влезот на граничниот премин Табаноц запленија царински службеници при детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

Во возилото во неколку торби и една кутија.

„Контролата на возилото е направена поради сомнение врз основа на изјава на патникот, кој на прашањето на царинските службеници одговори дека нема што да пријави. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и, според нивните изјави, планирале да останат подолго во Mакедонија.“

„Стоката е привремено задржана, со што е оневозможена можноста за нејзино користење и вршење незаконски активности на територијата на Република Македонија. Лицето е пријавено за царински прекршок“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи.