Македонската машка кадетска репрезентација победнички го заокружи настапот на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска, откако вечерва во дуелот за пласман на 9 .место ја совлада Чешка со 28-22.
Македонските ракометари од самиот почеток на дуелот во Копривница беа во водство и на полувреме заминаа со предност од 13-11.
Чесите во воведните минути од второто полувреме во неколку наврати го израмнуваа резултатот, но црвено – жолтите при резултат 17-17 влегоа во серија од 9-3 и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај.
Мирче Калајџиески со 12 голови беше најефикасен во македонската репрезентација, која со деветтото место имаше забележителен настап на Мундијалот во Хрватска.