Македонските ракометарки одиграа нерешено со Португалија на младинското СП

Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години испушти шанса со победа да ја почна главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево одигра нерешено 28-28 против Португалија во рамки на групата 4.

Во неизвесен натпревар, македонските ракометарки влегоа во самата завршница на натпреварот со високи плус три 28-25, но не успеаја да ја зачуваат предноста, дозволвајќи му на противникот со серија од 3-0 да избегне пораз.

На табелата води Португалија со три бодови од два натпревари, пред Исланд со два бода од еден натпревар.

Избраничките на селекторот Јанев се третопласирани со еден бод, а Црна гора е на последното место без бодови.

Во следното коло, утре од 20:15 часот, македонските ракометарки ќе играат против Црна Гора.