– Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево забележа убедлива победа со 7:0 над женската армиска екипа на Велика Британија која е во студиска посета на регионот во чест на роденденот на кралот Чарлс.
Натпреварот се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а правдата ја делеше главната судијка Ангела Рајчевска и нејзините асистенти, Јована Софронијоска и Мартин Дејаноски.
Во текот на посетата на регионов, фудбалерките од британската армија имаат одиграно пријателски натпревари со Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.