Денес околу 10 часот наутро во близина на Михајловац, Србија, 70-годишен маж почина во автобус кој патувал од Германија кон Македонија.
Како што објавија српските медиуми, починатиот е државјанин на Република Македонија од Струга, а прва помош му укажале неговите сопатници, кои застанале на паркинг во близина на ресторан, на сегментот помеѓу Белград и Ниш.
По околу 30 минути, на местото на настанот пристигнале екипи за итни случаи и полиција, кои се обиделе да го спасат лицето, но за жал не успеале.
Причината за смртта сè уште не е позната, а телото е предадено на обдукција.