Машала за ова, машала за она, сите го користиме овој збор но ретко кој знае што значи тоа. Не сме сигурни дали е тоа комплимент или збор против магија и токму затоа сакавме да истражиме што точно значи зборот што Македонците, особено постарата генерација, не го отстрануваат од нивниот секојдневен речник.
Машала (арап. Mā šāʾ Allah), во оригинал значи „Божја волја“, односно „како што сака Бог“ во побуквален превод. Тоа е збор што се користи, обично се извикува, откако ќе се случи нешто убаво и неговата функција е да биде против магии и уроци.
Во нашиот регион најчесто се користи во Босна, додека во Македонија често се заменува со изразот „да не чуе злото”.
Во секојдневниот говор, неповрзан со исламот, овој збор често се користи кога некој сака да ја опише позитивната состојба на нешто или некого, без оглед на причината за таа состојба. Во тој случај, наместо изразот во религиозен контекст: „Машала! Моето дете е живо и здраво“. – велиме: „Моето дете е за Машала“.
Во првиот случај, терминот претставува благодарност до богот Алах што го направи детето здраво и живо, додека во вториот случај, употребата на овој збор има за цел да ја покаже или опише состојбата на тоа дете.