МАКЕДОНЦИТЕ “ПОЛУДЕА“ ПО ОВАА ЗИМСКА САЛАТА – Сите го бараат рецептот, а многумина ја сметаат за најдобра во студените денови

Мешаната шарена салата е зачинета и освежителна салата полна со здрави намирници и витамини и како таква е одлична во зимските денови. Шарената салата е убава и привлечна за око и доминира на зимската полица со својата колоритност.

СОСТОЈКИ:

1 kg. зелка

1 kg. краставици

1 kg. карфиол

1 kg. моркови

1 kg. зелени домати

1 kg. пиперки

2-3 l. вода

1 l, оцет

10 лажици шеќер

10 лажици сол

1-2 кесички зрна бибер

Зеленчукот убаво измијте го, исчистете го и исечете го, прстени, кришки или по разни форми. Во длабок сад истурете вода, оцет, шеќер, сол, зрната бибер и лозовите никулци и измешајте додека не се растопат шеќерот, солта и останатите елементи.

Готовиот прелив прелијте го врз зеленчукот, добро измешајте, притиснете со голем капак или чинија и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден, шарената салата е готова за преливање во чисти пет пати стерилизирани тегли, се притиска со пластична преса и се става целофан. Целофанот прицврстете го со гумени ленти и цврсто затворете ги теглите со капаци кои претходно се варени.

Чувајте ја шарената салата на ладно место.