– Младите категории на ФК Љуботен од вечерва имаат дополнителна спортска опрема која е обезбедена со ангажирање на дијаспората.
Македонците од повеќе градови кои сега живеат во Швајцарија по иницијатива на тетовскиот пожарникар Игор Симовски собрале пари и купиле топки и маици, кои денеска им се предадени на тренерите од фудбалската школа на Љуботен.
-Огромна благодарност до Македонците во Швајцарија за донацијата на фудбалски топки и маичиња за најмладите членови на ФК Љуботен. Секоја дополнителна опрема за клубот и децата кои се дел од младинската школа претставува важна алатка во фудбалскиот развој, порачаа од ФК Љуботен.
Со младинските категории во ФК Љуботен работат поранешните познати тетовски фудбалери Среќко Мисајловски и Ивица Радоњиќ.