МАКРОН ИСВИРКАН ЗА ВРЕМЕ НА ГОВОРОТ: Активистите во Хаг го прашале – каде е француската демократија? (ВИДЕО)
Францускиот претседател Емануел Макрон е во посета на Холандија. Во Хаг, тој зборуваше за иднината на Европа среде критики, главно од другата страна на Атлантикот, во врска со неговите ставови дека на Европа и е потребна стратешка автономија и понезависен однос кон Америка и Кина, како и нивниот спор околу Тајван.
Неговиот говор беше прекинат и од активисти нарекувајќи го „претседател на насилството и лицемерието“ поради повеќенеделните протести во Франција поради најавената пензиска реформа.
Холандскиот крал и кралица срдечно ја пречекаа француската претседателска двојка во Амстердам, со највисоки државни почести. Тоа е прва официјална посета на францускиот претседател на Холандија по 23 години. Во Хаг тој зборуваше за европскиот суверенитет, постојано прекинуван со свирежи од активисти кои го прашуваа „Каде е француската демократија?“.
Бурата беше предизвикана од интервјуто на Макрон на крајот од неговата посета на Кина. И оценката дека без стратешка автономија Европа ризикува да излезе од историјата и дека може да биде трета велесила во однос на Америка и Кина, пишува РТС.
„Би било парадокс ако, совладани од паника, веруваме дека сме само американски следбеници, а прашањето на кое Европејците треба да одговорат е дали е во наш интерес да ја забрзаме кризата во Тајван. Мојот одговор е не. Најлошо би било ако ние Европејците мислиме дека треба да станеме следбеници на оваа тема и да се угледаме на агендата на претераната реакција на САД и Кина“, рече францускиот претседател.