Макрон и честита на Силјановска: Франција останува на страната на Македонија за нејзината европска иднина
Францускиот претседател Емануел Макрон упати честитка на македонски јазик до Гордана Силјановска Давкова по повод нејзината победа на претседателските избори.
„Се отвора нова страница со нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата заложба на Стево Пендаровски и упатувам срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател.
Франција останува на страната на Македонија да ја придружува во нејзините европски реформи и иднина“, напиша Макрон, пренесува „Фокус“.