МАКРОН ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА! Голема промена на политичкиот врв во Франција, еве кој е СЕРИОЗНИОТ фаворит

Разговорот траеше еден час

По оставката на француската премиерка Елизабет Бурн , во утринските часови се очекува објавување на нов премиер , дознава BFMTV од сигурни извори.

Француски Фигаро пишува дека се интензивирани преговорите за формирање нова влада со министерот за национално образование Габриел Атал на чело, кој според извори блиски до извршната власт е фаворит за назначување на премиерската позиција. .

Елизабет Борн вчера му ја поднесе оставката на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја прифати. Макрон ѝ се заблагодари на премиерката „од се срце“ за нејзината „примерна“ работа во „службата на нацијата“.

Борн ја напушти Елисејската палата вчера нешто пред 16 часот по едночасовен разговор со Макрон. Судбината на Елизабет Борн беше во неизвесност во последниве денови, при што многу функционери блиски до Макрон изјавија дека очекуваат огромно раздвижување во владата со нејзиното заминување, според Фигаро.