Макрон ќе се сретне со градоначалниците поради нередите во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон треба да се сретне со неколку градоначалници поради континуираните нереди во Франција, пренесува ДПА.

Средбата требаше да се одржи во попладневните часови.

Некои локални политичари повикаа на полициски час и полициско засилување за да се справат со насилните нереди.

Претходно денеска, Макрон ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако тинејџер беше убиен од полицаец во предградие на главниот град Париз.

Во насилните протести само изминатата ноќ беа приведени над 1.300 луѓе, а повредени 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45 илјади полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери