МАЛЕРОЗНИОТ РАМОС ГО ИСМЕВА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА: Поради изјавата пред мечот и она што му се случи против Барса, НЕМА ДА МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ
Легендарниот Серхио Рамос летово се врати во клубот во кој ја започна кариерата.
Откако пристигна во Севиља од Пари Сен Жермен, играше на два натпревари во Ла Лига, а против Барселона во осмото коло беше стартер.
На негово големо жалење, тој стана и трагичар, а поради тоа што се случи на натпреварот, како и неговите изјави пред натпреварот, стана главна цел на потсмев.
По натпреварот практично повеќе се зборува за Рамос отколку за самата игра.
Барселона победи со резултат 1:0, откако полувремето заврши без голови .
Каталонците имаа апсолутна доминација во вториот дел, но не можеа да постигнат гол до 76. минута.
Кансело упати центаршут, Ламина Џамал со глава ја упати топката назад кон центарот на шеснаесетникот, каде се најде несреќниот Рамос.
Лошо реагираше, можеби немаше време да направи нешто подобро, а топката му се одби од ногата и во голот.
Sergio Ramos’ first start for Sevilla didn’t go as planned….
— football b*stards (@FootbalBastards) September 29, 2023
Own goal against Barca 😳🤯
pic.twitter.com/PKqMHY80PZ
Така Рамос, кој е легенда на Реал Мадрид, и донесе победа на Барселона, што секако за него е кошмарно сценарио, а од друга страна, нешто што навивачите на каталонскиот клуб знаеја да го прослават.
Многумина набрзо се присетија на изјавата на Рамос пред натпреварот.
„Би било убаво да постигнам гол за враќање на Севиља против Барселона, но јас сум фокусиран на одбраната и на натпреварот да го завршам со чиста мрежа“, изјави славниот Шпанец.
Секако, социјалните мрежи се полни со смешни коментари и прозивки против дефанзивецот.