Малолетник е тешко повреден во Скопје откако паднал од електричен тротинет

Малолетник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди по пад од електричен тротинет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 23 часот и 30 минути од СПБ Скопје било пријавено дека на булевар Илинден малолетник управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Малолетникот е испратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде се констатирани тешки телесни повреди“, објаснуваат од МВР.