МАЛОЛЕТНИЧКИ СЕКС-СКАНДАЛ ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА – Во училиште се проширила снимка од орален секс на ученици помлади од 14 години: Бизарен тренд на Тик Ток е причината за ова !?

Ученици од шесто одделение, кои се главни актери на т.н. секс афера што се случи неодамна во основното училиште „Вук Караџиќ“ во Сурдулица, Србија, добија опомена од наставничкиот совет. Имено, едно од момчињата на својот телефон снимил симулација на орален секс меѓу своите соученички, а потоа снимката почнала да се споделува меѓу децата, но и на социјалните мрежи, пишува Blic.rs.

Овој настан дојде до јавноста, по што реагираше училиштето и го пријави случајот до надлежните институции во Србија.

На видеото се гледа како девојка лежи на подот во училница, кога едно од момчињата и ги соблекува панталоните и долната облека, а потоа се обидува да симулира орален секс, како лежи врз неа, преправајќи се дека има секс, додека момчето кое го снима тоа се смее.

По пријавување на случајот во Центарот за социјална работа на Србија, Обвинителството и полицијата, следуваа мерки.

Драгана Нешиќ, директорката на ова училиште, вели дека момчињата добиле опомена (укор), а на девојчето не.

На момчињата им беа доделени и мерки за општествено корисна работа, што вклучува презентација на тема ненасилство, потоа вклучување во други активности корисни за заедницата“, вели Драгана Нешиќ за соседните медиуми.

Според Blic.rs, утврдено е дека со нив работат педагози и психолози.

Се уште го чекаме официјалниот извештај од Центарот за социјална работа и од Обвинителството. Се што беше во доменот на надлежноста на училиштето презедовме“, забележува Драгана Нешиќ.

Управата на училиштето во Врање не била вклучена во овој случај, па не се очекува нивен извештај.

Според информации, Центарот за социјална работа на Србија смета дека во овој случај немало насилство, туку дека однесувањето на момчето и девојчето било еден вид Тик Ток „предизвик“ (!?).

По овој настан во училиштето, родителите започнале повнимателно да гледаат што снимаат децата на нивните мобилни телефони.

Сите почнавме да се грижиме дека нешто слично ќе му се случи на нашето дете, во која улога и да беше. Децата не се спремни за сето тоа, наивни се, па некако сме исплашени. Постојано разговараме, но којзнае што е следно“, изјавил жител на Сурдулица чие дете овде посетува настава.

Од Обвинителството, кое е надлежно за овој случај, велат дека е утврдено дека во постапувањето на актерите на овој настан, и момчето и девојчето, нема елементи на какво било кривично дело.

Обвинителството, како и училиштето, очекува и официјален извештај од Центарот за социјална работа на Србија за преземените мерки во овој случај, пишува Blic.rs.