Малолетно момче се удави во базен

Во текот на денот во Илиџа на „Сараевската термална ривиера“ се случи трагедија кога момче се удави во базен.

Како што неофицијално пишува порталот ,,Црна хроника” станува збор за малолетно момче. На терен излегоа припадници на МВР на кантонот Сараево, како и итните служби на кантонот Сараево.

Реанимацијата траела околу 60 минути, но, за жал, не успеале да го спасат момчето.

За утврдување на точната причина за смртта, надлежното Кантонско обвинителство нареди обдукција.

Оваа информација за порталот Црна-Хроника ја потврди Мерсиха Новалиќ од Управата на МВР на кантонот Сараево.

– МВР на кантонот Сараево ПС Илиџа во 15:30 часот пријавила дека смрт на малолетник настапила во базен на хотел во месноста Илиџа. Смртта била констатирана во 16 часот и 45 минути, а потоа започнала истрагата по наредба на Обвинителството на Кантон Сараево, а ја водат припадници на МВР на кантонот Сараево – потврди Мерсиха Новалиќ, портпарол на МВР на кантонот Сараево.